Испорачуваме на целата територија на Република Северна Македонија, со плаќање при преземање.
Начин на плаќање
Прифаќаме исклучиво плаќање при преземање (готовина). Износот го плаќате на курирот кога ќе го примите пакетот. Не е потребна картичка ниту авансна уплата.
Цена на испораката
Цената на испораката се пресметува автоматски и e прикажана во кошничката пред да ја потврдите нарачката. Вкупниот износ што го гледате при потврда е конечен.
Рок на испорака
- Нарачките се обработуваат во рок од 1 работен ден
- Испораката се врши во рок од 1 до 3 работни дена од потврдата
- За помали населени места рокот може да биде подолг
Нарачките направени во сабота, недела или на празник се обработуваат наредниот работен ден.
Прием на пратката
При преземање проверете дали пакувањето е неоштетено. Доколку забележите оштетување, не ја преземајте пратката и веднаш контактирајте нè на lelihomestore@gmail.com.
Неуспешна испорака
Доколку курирот не може да ве најде на дадената адреса, ќе ве контактира на телефонскиот број оставен при нарачка. По два неуспешни обиди пратката се враќа кај нас.
Враќање и рекламации
Имате право да го вратите производот во рок од 14 дена од приемот, доколку е неупотребуван и во оригинално пакување. Трошоците за враќање ги сноси купувачот, освен во случај на оштетен или погрешно испорачан производ.
За рекламација пишете ни на lelihomestore@gmail.com со бројот на нарачката.